Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 декември.

Денеска е Преподобна маченица Евгенија.

Реклама

Света Евгенија потекнувала од видна римска фамилија. Татко и Филип бил управник на Александрија и цел Египет. Тајно го напуштила домот и, преоблечена како машко, стапила во еден манастир. Подоцна, некоја жена ја набедила дека ја принудува на незаконит однос, па била изведена пред управникот Филип, својот татко. За да се покаже вистината, Евгенија ја открила својата тајна. Нејзините родители, кои многу и се израдувале, гледајќи го ова чудесно сведоштво и самите поверувале во Христа. По некое време Филип пострадал маченички, а останатите од семејството се вратиле во Рим. А во Рим, во 262 година, на денот на раѓањето Христово, маченичкиот венец го прими и света Евгенија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Богојавление.

Денеска ги славиме Трите Кралеви: Гашпар, Мелхиор и Балтазар кои дошле да му се полонат на Исус во Бетлехемската штала. Во богојавлениската евангелска порака главен е новородениот крал Исус Христос. Неговото раѓање го најавила ѕвездата која ги довела мудреците од Истокот, да му го свртат вниманието на Исус и да му се поклонат. Тие свети кралеви биле први претставници на поганскиот свет, кои дошле да му се поклонат на Исус и на тој начин да назначат дека, тој е Спасител за сите луѓе.