Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Од место за девијатни појави до нов катче за сите: Со парите од Владата ќе се реновира Домот на култура во Гази Баба

По повеќе од 40 години од место кое што сведочеше на низа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од 40 години од место кое што сведочеше на низа девијантни појави до нов центар на културата. Со помош на паричните средства што ги обезбеди Владата во населба Ченто ќе се реновира целосно руинираниот Дом на културата 11 октомври. Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски упати благодарност до Владата, која се заложи да им помогне на општините.

-Повеќе од четири децении ова место беше најцрното место во општина Гази Баба, во кое се вршеа и девијантни појави, а за помалку од 18 месеци ќе прерасне во центар за културата општина Гази Баба. Градиме енергетско ефикасен, модерен објект и комплетно инклузивен. Вкупната инвестиција на овој проект е 84 милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, изјави Стефковски.

Министерот за локална самоуправа порача дека ова е само еден од проектите што ги помага Владата. Најави дека финансиски средства за подобар локален разој ќе има и во идинина.

Реклама

-Повеќе од 40 години скоро сите политички гарнитури ветуваа реконструкција и инвестиција за подобрување на условите на овој Дом на културата овде, но тоа за жал до сега не се случи. Би сакал да потенцирам дека оваа Влада преку првиот повик успеа и овозможи средства за да се воведе во градежни активности за реконструкција на овој дом кој што е култно место за жителите од овој дел на Гази Баба, изјави Перински.

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите општини да аплицираат за финансиските средства што ги обезбеди извршната власт.

-Место кое што ќе добие нов лик, место кое што ќе го користат жителите на Гази Баба, а зошто да не и од цело Скопје. Овој културен дом ќе претставува навистина убаво место каде што ќе можат да се случуваат убави настани. Јас би сакал да можам да ја искористам оваа прилика да честитам и на градоначалникот и на министрите и на сите оние кои што беа вклучени во овој процес, изјави Мицкоски.

Во рамките од првиот пакет помош од државата за општините одобрени беа 274 проекти вредни 66 милиони евра. Во моментов во тек е вториот повик. Се уште трае периодот за аплицирање за средствата од овој пакет. Според она што претходно го соопшти министерот за локална самоуправа досега аплицирале 6 општини со 35 проекти.

Матеја Петровски