Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Од изворите во Шум тече заматена вода – Стружани не смеат да ја пијат, се чекаат резултати што ја загадило

Наместо вода, низ чешмите од градскиот водовод во Струга тече буквално кал.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо вода, низ чешмите од градскиот водовод во Струга тече буквално кал. Поради заматување на изворите во Шум кои го снабдуваат градот со вода, стружани останаа без основното човеково право. Водата не смеат да ја употребуваат за пиење, ниту за приготвување на храна, ниту за одржување на лична хигиена. Бидејќи матната вода преку водоводните цевки се дистрибуира до корисниците, таа е здравствено небезбедна и забранета за користење. Од Центарот за јавно здравје велат дека матноста е со повеќекратно зголемени вредности на параметрите од законски пропишаното.

„Озбилна е оваа ситуација затоа што општината подолго време ќе остане без вода. Ви посакувам да имате подлабок џеб, да си изнакупите вода и за капење или езерото е тука. Па ќе полниме вода од езеро ќе ја топлиме и со потуривање личната хигиена ќе се одржува“ – вели Лидија Симоноска – Центар за јавно здравје Охрид.

Земени се два примероци вода, од самиот извор и од испустот, заматеноста на водата е многу висока. Ако дозволената граница на матност е 1,5 единици, таа денес изнесува 28,56. И не само кај изворите, и на другите мерни места каде што е земена вода, од институции, домаќинства и училишта, водата била каллива.

Реклама

„Дали станува збор за лизгање на земјиште, дали станува збор за некоја друга активност која не би требала да следи над самото извориште и да се извршува, не можам да тврдам со сигурност. Во секој случај има надлежни служби па нека си го откријат сето ова. Изворот Шум мора да се заштити за општината Струга да има безбедна вода за пиење. Оваа вода единствено е за наводнување и за ништо друго“ – вели Симоноска.

Од Центарот за јавно здравје ќе направат детални анализи и ќе го испитаат квалитетот на водата од градскиот водовод, но и од изворите во Шум кои никогаш досега не биле заматени. Од таму со апел до родителите да внимаваат на децата да не играат со заматената и каллива вода. Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека матноста на водата почнала да се зголемува од 18 часот вчера, заради тоа донеле забрана за користење на водата. Ги информирале сите надлежни институции да излезат на терен и да ја утврдат причината за заматување на изворите. Доколку продолжи ваквата состојба постои ризик од поголеми технички проблеми на системот и можни последици по водоснабдувањето – стои во соопштението од струшки „Водовод“.