Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Од дезертер до премиер – политичкиот пат на Џафери

Од дезертер до премиер – кариерата на Талат Џафери не седи, не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од дезертер до премиер – кариерата на Талат Џафери не седи, не мирува.

Многу контраверзии и скандали кои често резултираа со незадоволство, но тој сепак успеа од дезертер да дојде на најмоќната функција во државата, односно прв човек на Владата.

Талат Џафери или познат и како командат Форина е роден во Гостиварско, односно село Форино, од каде и го добива неговиот прекар.

Реклама

Има 61 година и е татко на две деца. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената Академија во Белград и Сараево, а постдипломски студии завршува на Воената академија во Скопје.

За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена подоцна ја напушта армијата и им се приклучува на албанските герилски единици кои се бореа против македонските безбедносни сили, за неговите активности во овој период не се знае речиси ништо.

Конфликтот заврши истата година со потпишување на Охридскиот мировен договор, со кој им беа дадени поголеми права на етничките Албанци.

По ова Џафери ѝ се приклучи на ДУИ, која стана најпопулара политичка партија кај Албанците во Македонија, која редовно партиципира во владата. Работата на Џафери во Собрнието останува запаментена по неговото однесување за законот за бранители каде своето незадоволство го покажување земјаки збор на седниците каде читаше поезија или долго молчеше.

Од 2004 до 2006 година е на позицијата заменик министер за одбрана. Потоа станува и министер за одбрана.

За на крај на 27 април 2017 година да биде изгласан за претседател на собранието, што беше проследено со упад во законодавниот дом. А како тој се однесува со службениците и пратениците јасно се гледа од неговите јавни настапи , но и видеа кои кружат на социјалните мрежи.

Врева околку Џафери се крена и во врска со вработувањата на неговите две деца. Неговата ќерка добива работа во Надзорниот одбор за парното во Скопје, додека пак неговиот син работи како обвинител, симптоматично беше тоа што синот на Џафери полагал превосуден испит уште пред да заврши факултет.