Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Oд 19 пратеници на Европскиот фронт – само 10 се на ДУИ, Мицкоски очекува мнозинство од 61 пратеник

ВМРО-ДПМНЕ очекува приклучување на уште минимум тројца пратеници од другите коалции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ очекува приклучување на уште минимум тројца пратеници од другите коалции во нивната Твоја Македонија. Со тоа да планира ја засили неговата моќ во собранието и да има 61 пратеник пред да започне со официјалните преговори со другите опозициски коалции.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека се обидува да консолидира просто мнозинство до 28 мај, посочи дека добива сигнали од помалите партии од другите коалции.

Веќе има најави од новите пратеници кои планираат да ја поддржат новата влада. Очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил – рече Мицкоски.

Реклама

Во таа комбинаторика може да се очекува кон Коалицијата „Твоја Македонија“ во Собранието да се приклучат и малцинските партии кои на парламентарните избори освоија пратенички места во коалиција со Европскиот фронт предводен од ДУИ, како и од Коалцијата за европска иднина предводена од СДСМ.  Што значи дека со тоа се засилува моќта на ВМРО-ДПМНЕ, а коалциите на ДУИ  и онаа на СДСМ може да изгубат секоја по два, односно еден пратеник.

Дека се поверојатно е дел од пратениците кои ги освои коалцијата на ДУИ да преминат во коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ зборува фактот што од 19 освоени пратеници, 9 или 10 пратеници не се изворно од ДУИ, туку се дел од други партии, како оние на Ромите, Турците, Бошњаците, како и албански партии кои беа опозиција па преминаа во коалцијата на интегративиците.

Иако ДУИ се само прогласија за втора политчка сила во Македонија, бројките и мандатите кои ги освоија тие како политичка партија не се такви. Во изборна едница 2 , од освоени 4 маднати, два се на ДУИ, а два на коалционите партнери. Во ИЕ 5 од четри пратеника, 1 им припаѓа другите партии. Во 6ката коалцијата Европски фронт има освоено 9 мандати, но 6 се на другите партии , двајца пратеници во „шестката“ се од редовите на Алијанса за Албанците, а исто толку има и од ДПА, по еден пратеник ќе им припадне на Демократската партија на Турците и на Движењето на Турците во Македонија за правда и демократија.

Ваквата разноликост во коалцијата на ДУИ покажува дека интегративиците не контото немаат толку пртеници колку што покажуваат, туку безмалку половина им припаѓаат на коалционите партнери и со тоа ќе биде тешко да ги имаат сите пратеници под конторла. Со тоа може да се очекува и лесно пребегување на дел од пратениците на коалцијата Европски фронт кон париите на власта.