Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Прилози

Очекувана е поддршката за градскиот татко: Проактивноста и работата на Орце Ѓоргиевски вродуваат со плод

Проактивноста и работата на градскиот татко, вродуваат со плод и зголемена доверба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проактивноста и работата на градскиот татко, вродуваат со плод и зголемена доверба и поддршка за Орце Ѓоргиевски. Очекувано е што градоначалникот на Скопје има највисок рејтинг кај граѓаните, бидејќи на терен може да се забележи дека состојбите во главниот град по долги години се менуваат на подобро. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Алфа вели дека последните анкети потврдуваат дека граѓаните најмногу ги интересира состојбата со хигиената, како и безбедноста во сообраќајот.

-Проблемот со хигиената се појави уште пред локалните избори и мислам дека тој влече корени уште од тогаш. Како што поминува времето, граѓаните имаат се поголеми очекувања и од локалната самоуправа, но и од централната власт. И во таа смисла подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, паркингот, хигиената, ќе останат главни проблеми на граѓаните. Нивото на услуга која веќе ја очекуваат од локалната самоуправа, само ќе се зголемува Проактивноста на сегашниот градоначалник му оди во полза во таа смисла, но очекувањата на граѓаните, изјави Арсовски.

Арсовски смета дека за актуелните градоначалници да го задржат високиот рејтинг, мора да продолжат активно да работат, бидејќи доколку не се исполнува она што го очекуваат луѓето, автомтски тоа ќе се одрази и на рејтинзите.

Реклама

-Точно е дека граѓаните сега веќе многу брзо реагираат на недостатокот на она што го перцепираат дека им е потребно и многу се брзи да ги казнат политичарите за рејтинг или да ги наградат со рејтинг, кога политичарите имплементираат. Во таа смисла испораката на услугите и надлежностите на градоначалникот е директно врзана со неговиот рејтинг, тоа е правопропорционален механизам. Така што ако граѓаните почувстуваат дека нешто  не се случува така како што тие очекуваат, веднаш ќе се осети на рејтингот, изјави Арсовски.

Инаку, на прашањето колку сте задоволни од работата на Ѓоргиевски, половина од испитаниците, односно 49% одговорија позитивно. Граѓаните се задоволни и од работата на градоначалниците и во другите општини. 55,8% сметаат дека ветувањата се исполнуваат.

Сепак, во сите општини граѓаните сметаат дека најголемиот проблем е хигиената, на второ место е јавниот превоз, па урбанизацијата, паркингот, кучињата скитници, и загадувањето на воздухот. 44 % од граѓаните кои живеат во градови каде функциониера Сејф сити, сметаат дека системот е одлична и потребна работа.  67,6% од граѓаните ја поддржуваат идејата Безбеден град да се постави и во местата каде се уште го нема.

Во однос на Законот за забрана на пушењето на јавни места, побројни се оние кои ги поддржуваат измените. 65,5% го поддржуваат овој закон, додека 26,8% не го поддржуваат. Слични се резултатите и за новиот Закон за високо образование. Повеќе од половина испитаниците го поддржуваат законот, 28,6% не го поддржуваат, додека 18% немаат став.

Според анкетата, 25,2 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат најголема доверба во Мицкоски, што е убедливо највисок резултат меѓу лидерите – петпати повеќе од Али Ахмети и дури седумпати повеќе од Венко Филипче. Рејтингот на Мицкоски е речиси изедначен со поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, за која 24 проценти од граѓаните би гласале на избори.

Анкетирањето на Маркет Вижн, беше спроведено од 2 до 18 март по телефонски пат на 1.200 испитаници.

Матеја Петровски