11 години по неговото формирање и шест по неговото згаснување, специјалните обвинители сега треба да станат предмет на истрага на своите обични колеги, или сами себе да се истражуваат. Расте притисокот врз Обвинителството да отвори истрага по допрен глас, за целосното функционирање на поранешното СЈО, по тврдења дека „специјалците“ работеле под политички притисоци, си делеле плати од ракав, селективно гонеле политички непријатели на СДСМ и ДУИ, манипулирале со предмети, незаконски примопредавале документи, а имало и случаи каде обвинителите се однесувале како да се штаб на СДСМ.
Според адвокатот Драган Пешевски сите овие обвинувата од екс-обвинителката Лејла Кадриу се повеќе од доволна причина обвинителите да отворат предмет по допрен глас. За Алфа вели ако има директни политички влијанија како што сега се споменува, тие работи треба да се испитаат и да дојде до завршница
-Да видиме дали некој порачувал пресуди и дали политиката се мешала во правосудството, иако тоа веќе знаеме дека е така. Обвинителството да по закон отвора истрага по допрен глас, така да тоа треба да го направи, допрени гласови на повеќе места се слушаат, така да мислам дека тој глас до сега има стигнато и до таму, изјави Пешевски.

На ставот дека обвинителите мора да реагираат по допрен глас е и адвокатот Еленко Миланов. За Алфа вели дека самите тврдења се доволна причина да се испитаат сомнежи за повеќе можни кривични дела поврзани со СЈО.
-Тоа работа која мора како сериозни индиции да ја прифти Обвинителството и врз основа на тие да направи истражување, да ги провери околностите и евентуално во таа насока по допрен глас да покрене постапки доколку најде елементи дека постојат кривични дела. А од она што се слуша таму се укажува на постоење сериозно влијание, употреба на влијание, член 359 и други кривични дела, изјави Миланов.
Специјалното јавно обвинителство, кое беше предводено од сега веќе правосилно осудена за рекет Катица Јанева, беше се формираше под силен притисок на на тогашната опозиција, предводена од Зоран Заев. Информациите кои подоцна се појавија во јавноста е дека токму Заев и неговите најблиски партиски колеги биле меѓу најценетите гости во канцелариите на СЈО. Пешевски вели дека очекувано е што имало политички притисоци, бидејќи самото Обвинителство било плод на политички договор.
-Тоа Обвинителство уште од самиот почеток е политички организирано, па нормално е да трпи и политички притисок. Има добар дел на добри колеги кои што работеа во тоа Обвинителство, не се сомневам дека на добар дел од нив намерите им биле добри, но Обвинителството како такво уште на самиот старт се виде дека не треба да постои. Не знам зошто одредени обвинители беа обични, а други обвинители беа специјални, но тек сега ќе се разјаснува, вели Пешевски.
Од Обвинителство молк на прашањата на Алфа дали ќе бидат отворени предмети по допрен глас, по информациите кои беа објавени во јавноста, а претставуваат сериозни сомнежи за сторени кривични дела.
Матеја Петровски
