Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Прилози

Обвинителството бара притвор за екс-директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози

Кај обвинителите има сомнежи дека ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај обвинителите има сомнежи дека ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи би се дале во бегство, па бараат скопскиот Кривичен суд, да ги прати зад решетки. Притворот се бара поради кривичните дела кои им се ставаат на товар, како и запретените високи затворски казни што им следуваат по докажувањето на вина од страна на обвинителството. Милионската штета што ја направиле на државниот буџет, со малверзациите на клиниакта за Онкологија, е аргумент плус во барањето на обвинителите.

„Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија“, вели Обвинителството.

Уште во истрагата за Онкологија, ексдиректоррите беа под мерки на претпазливост. За Васев и Нухи, дека би се дале во бегство сомнежите се поголеми за разлика од тројцата лекари онколози за кои Обвинителството бара мерки на претпазливост. 

Реклама

„Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино  издавање“ велат од ОЈО Скопје. 

Обвинителството  поднесе две обвиненија за најголемиот скандал во македонското здравство. Петмина обвинети во два предмети, првиот за финансиските злоупотребите со биолошката терапија на Клиниката за онкологија, а вториот за третманот на пациентите и несооодветната терапија која ја примале. Нино Васев е обвинет во двата случаи, и како директор и како лекар.