Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Обвинители презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На почетокот од денешното судење, еден од бранителите се осврна на претходни докази од камери што биле презентирани.

Според бранителот, некое време прилично точно биле избројани, останатото време значително помал број гости се упатувале кон дискотеката, а поголем се упатувале во спротивен правец. 

Во критичниот момент, како што кажа бранителот, според нивни проценки, немало повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи ги и полициските службеници и гости надвор од дискотеката – поле што не било видливо за камерите. 

Реклама

Судењето потоа продолжи со изведување докази на обвинителите – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел.

-Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре, беше посочено на денешното судење.

Беше нагласено дека на видео во 2019 година може да се забележат прскалки на шишиња низ публика. Потоа, беше кажано дека се гледаат отворени огнови на објава на социјална мрежа. Беше истакнато дека особено интересен е коментарот на самиот клуб – на англиски, пишувало – дали ја слушнавте приказната на „Пулс“ и оганот, станувало збор за нешто објавено во 2019 година.

Беше посочено да се обрне внимание на димензиите на прскалките, како и на самите објави што ги пишувал клубот на социјалната мрежа.

Од страна на еден од бранителите беше реагирано дека „вакви прскалки“ може да се купат и од еден од најголемите и најпознатите ланци на супермаркети во државата. 

Во судницата се дебатираше и дали станува збор за роденденски прскалки или не. 

-Има и различни роденденски – гласеше еден од коментарите во судницата.

Имаше и несогласици меѓу обвинители и бранители за тоа дали од доказите се гледа дека станува збор за кабаре или не и како треба да изгледа едно кабаре.

Различни мислења имаше и околу тоа дали една црвена точка на една од фотографиите значела знак за излез, нешто што го тврдеше еден од бранителите. 

Потоа беа презентирани и документи во врска со „Пулс“.

Денеска беше повикана и Брза помош, затоа што на еден од обвинетите, како што беше кажано во судницата, не му било добро.

Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска.