Обвинение за тројцата мажи кои полицијата ги улови на дивата депонија Вардариште. Тие, од 2020 до септември 2025 година, нелегално вршеле откуп и складирање отпад на диви депонии во Скопје, без дозвола и без регистрирана фирма. Обвинителството има докази дека со непрописно складирање и транспорт на отпадот, создале диви депонии, каде што при пожар се испуштаат штетни материи, што ја загрозуваат животната средина и здравјето на луѓето.
„Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште ОЈО Скопе издава и повеќе наредби со цел откривање на други сторители на кривични дела. За настанатиот пожар на депонијата Дрисла до овој момент до ОЈО не е поднесено известување или кривична пријава од надлежните органи. Сепак обвинителството ја следи состојбата и доколку утврди дека со кривично правни дејствија била загрозена животната средина ОЈО веднаш ќе постапи“, велат од ОЈО.
На депонијата Вардариште каде неколку денови гореше, повеќе нема чадење. Во меѓувреме надлежните поставија и обезбедување од приватна агенција, кое веќе патролира околу дивата депонија. Кај Дрисла се уште работат багери, булдожери и камиони, а ер трактор гаси со специјална пена.

„Делот каде што моментално се одвива горењето, во непосредна близина има според моја проценка и она што го кажа стручните лица околу еден ипол метра отпадни води. Кои што се создаваат од самата депонија. Местото каде се одвива горењето верувам дека подлогата е водна, односно целиот тој простор веќе е воден и измешан со различни материи меѓу кои и токсини од самата депонија“, изјави Стојанче Ангелов – директор на ЦУК 0003
За пожарот и чадот од „Дрисла“, кои ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага, но за да каже детали, ќе почека работите да добијат свој тек. Во меѓувреме, извести дека со механизација од општествено одговорни компании ќе влезат и на депонијата „Дрисла“ и на „Вардариште“.
„Веќе работиме со министерот за транспорт, на општествено одговорни градежни компании, со кои ќе донесеме механизација и во Вардриште и во Дрисла, и ќе можеме да дејствуваме внатре со цел да не се случува ова континуирано. 11:02 Но, исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија
Трајно решавање на проблемот со депонијата Мицксоки најави со новиот градоначалник, а на забелешките дека тоа не треба да биде со јавно-приватни партнерство, туку да се прифати стратегијата нула отпад, тој одговори дека ќе ги покани и оние што се „за“ и оние што се „против“ за да се најде најсоодветно решение што може да се примени кај нас. Неговиот став е дека на „Дрисла“ треба да има фабрика за отпад и фабрика што од метанот ќе прави струја, кои треба да бидат дел од трајното решение.
