Реклама

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Прилози

🎥 Обвинение и за реалниот сопственик на „Рубикон“, за катастрофалниот пожар ќе одговараат 35 луѓе и три фирми

Александар Нацев, реалниот сопственик на фирмата за обезбедување „Рубикон“ ќе одговара за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Нацев, реалниот сопственик на фирмата за обезбедување „Рубикон“ ќе одговара за трагедијата во Кочани. Обвинителството му поднесе обвинение и го товари за тешки дела против општата сигурност бидејќи тој заедно со повеќе обвинети не презел мерки за заштита на објекотот и поради тоа, загинаа 62-ца. Според доказите, тројца од вработените во агенцијата на Нацев, биле распоредени на кобниот ден на вратата во дискотеката, пропуштале малолетници, а и ѝм дозволиле да се задржат внатре и после полноќ, а не извршиле ниту проценка за безбедност на дискотеката. Како што информираат од Обвинителството од септември 2022-ра до денот на пожарот, како сопственик на агенцијата во Скопје и Кочани, издавал наредби и раководел заедно со обвинетиот управител. По трагедијата Нацев, се обидел да регистрира нова агенција во Струмица.

Обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице“, информираат од Јавното обвинителство.

Александар Нацев судењето ќе го чека во домашен притвор. Во меѓувреме, обвинението за останатите 34-рица како и трите обвинети фирми чека на оценка во Кривичниот суд. Бидејќи беше поднесено за време на летните одмори, а и заради големиот број на обвинети, оттаму информираа дека оценката може да се случи дури и по три месеци како што било случај и со други вакви комплицирани обвиненија.

Реклама

Откако ќе биде оценето треба да биде распоредено кај судија според АКМИС системот, но оглед на досегашната динамика, судењето може и да не почне до крајот на годината.

Во обвинението се опфатени газдата на „Пулс“, неговиот брат, обезбедувањето што пропуштало малолетници, поранешни министри, директори, инспектори кои не вршале контроли, како и проектантката што индустрискиот објект го претворила во дискотека.

На 16 март годинава во кочанската дискотека на настапот на бендот ДНК, во пожар загинаа 62-ца млади луѓе. Најмладиот имаше 16 години. Според истрагата пожарот настанал од палењето на пиротехниката на ДНК. Дискотеката била претесна за големата публика, а функционирала само главната врата, досека останатите биле затворени. Паничното стампедо и димот придонесле за бројот на жртвите.