Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Образованието ќе ја добие повисоката плата следната недела

Образовните работници за една недела ќе го добијат првото покачување на платите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образовните работници за една недела ќе го добијат првото покачување на платите. Октомвриската ќе биде зголемена за 5%, а веќе во март идната година основната плата на наставник во основно образование ќе порасне за околу 4.000 денари, односно ќе изнесува над 37.000 денари. Владата која веќе го скрои буџетот за 2025 година, ги предвидела дополнителните 7% кои ќе легнат на сметките на вработените во образованието.

„Првото најавено покачување почнува да се реализира. Октомвриската плата, која се исплаќа овој месец, зголемена е за 5%. Расте нивната економска стабилност, како резултат на постигната спогодба помеѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, од минатиот месец, која предвидува кумулативно покачување на платите на наставниците помеѓу 46 и 60% во следните 4 години, а истото ќе зависи од степенот на инфлацијата“, вели Марија Митева, портпарол на Владата

Од Илинденска обвинуваат дека претходното раководство на СДСМ и ДУИ, дури не ги обезбедило парите за да биде испалтен обрзовниот кадар до крајот на годината. Но, сега Владата ги зголемила средствата за општините за образовниот процес.

Реклама

„Со самиот ребаланс на Буџетот се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за да може нормално да продолжи исплатата на платите во образованието. Претходното раководство целосно го имало потрошено буџетот за оваа намена. Но, тоа е зад нас. Состојбите се менуваат и постепено се враќа дигнитетот на наставникот и неговата вредност во општеството. Следува уште поголема грижа не само за економскиот стандард, туку и за подобри услови за работа и континуиран кариерен и професионален развој“, вели Марија Митева, портпарол на Владата

Споеред договорот кој падна помеѓу Владата и СОНК, платите на наставниците до 2028 година треба да пораснат за 46%, или според пресметките да достигнат околу 50.000 денари. Ако се земе најниската граница на процент за кој може да има покачување според она што го кажа Владата, основната плата на наставник во основно образование во 2028 ќе изнесува 47.000 денари. Доколку пак, Владата успее да ги покачи платите во највисокиот процент во март 2028 година почетник наставник ќе зема 51.232 денари.

Давид Крстевски