Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Обработливото земјоделско земјиште – се’ почест залог во напливот од „зелените“ инвестиции во земјава ?!   

 Во трката за изградба на фотововолтаици, станува ли македонското плодно земјоделско земјиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Во трката за изградба на фотововолтаици, станува ли македонското плодно земјоделско земјиште неповратен залог на брзиот екстра профитабилен бизнис? Нов „зелен“ финансиски инструмент во вкупна вредност од 46 милиони долари ќе се спроведува во земјава до април 2026 година. Станува збор за кредитна линија наменета за мали и средни претпријатија кои ќе вложуваат во енергетско-ефикасна опрема и обновливи извори на енергија со високи перформанси преку локални партнерски банки и лизинг компании. Целта е намалување на емисиите на стакленички гасови и на загадувањето на воздухот во земјата.

 „Се однесува на поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори на енергија. Од страна на ЕБРД е обезбедена кредитната линија во износ од 30 милиони евра. Веднаш е апликативна, достапна до компаниите и поддржана со грант од износот на инвестицијата 5-10 посто, во зависност дали се работи за енергетска ефикасност или за обновливи извори на енергија. Има интерес“, – вели Симе Пејоски, надворешен консултант на ЕБОР за имплементирање на кредитната линија „GFF“.

  Меѓутоа, во Македонија, се’ поголемиот наплив на ваквите „зелени“ инвестиции стимулирани со странски пари и трката за изградба на соларни централи како нов високо-профитабилен бизнис, под голем знак прашалник го доведува опстанокот на плодното земјоделско земјише, а со тоа и производството на храна. Со сегашните закони заштитено од пренамена за изградба на фотоволтаици е само земјоделското земјишти од прва и втора класа, на кое отпаѓаат само околу 8 проценти, како и земјоделското земјиште од трета и четврта класа на кое отпаѓаат уште 32 проценти, или вкупно околу 40 насто би било заштитено земјиште.

Реклама

Ама, состојбата на терен, покажува сосема друго. Кај нас, фотоволтаици никнуваат на сите страни, дури и на најплодни почви, за разлика од другите земји каде тие се поставуваат исклучиво на планински и ридести деградирани површини. Во овој вносен бизнис во 2020 година влезе дури и сопругата на екс-премиерот Димитар Ковачевски, како косопственик во Компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, со план за изградба на Соларна електрана во Радовиш со јачина од 1,8 мегавати.

И ова земјиште беше пренаменето од земјоделско во градежно за изградба на фотоволтаици. А и синот на Зоран Заев, точно пред две години, веднаш штом стана полнолетен, а татко му само што ја напушти функцијата премиер, стана сопственик на Енергетската компанија “Тотал Енеџи“ со седиште во Струмица.

Каролина Дурло