Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Објавена лингвистичката студија „Секундарната предикација во македонскиот јазик: синтакса, семантика и информациска структура“ од Бојан Петревски

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје го објави лингвистичкиот труд „Секундарната предикација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје го објави лингвистичкиот труд „Секундарната предикација во македонскиот јазик: синтакса, семантика и информациска структура“ од Бојан Петревски.

Во студијата, како што соопштуваат од издавачката куќа, се опишуваат секундарните предикати во македонскиот јазик врз основа на критериуми што авторот ги утврдува тргнувајќи и од граматички описи на други јазици и од повеќе автори. Притоа, се покажува дека синтаксичките карактеристики на тие конструкции во македонскиот јазик се во тесна врска не само со значењата што ги изразуваат туку и со информацискоструктурниот аспект, т. е. со поделбата на исказот на единици што изнесуваат нови или познати информации.

Бојан Петревски е доцент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и автор на повеќе лингвистички трудови. Работел и како лектор по македонски јазик на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (Иналко) во Париз, Франција, наведуваат од издавачката куќа.