Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Објавен научниот труд „За евиденцијалноста во македонскиот и германскиот јазик“

Во издание на издавачката куќа „Бата прес“ и Институтот за македонски јазик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во издание на издавачката куќа „Бата прес“ и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се објави монографијата со наслов „За евиденцијалноста во македонскиот и во германскиот јазик“ од м-р Сашка Грујовска-Миланова.

Како што соопштија од „Бата прес“, според рецензентката проф. д-р Веселинка Лабровска, делото претставува солидно изработен научен труд со контрастивен пристап меѓу македонскиот и германскиот јазик.

– Со оглед на фактот дека македонскиот јазик припаѓа на словенското јазично семејство, но истовремено е дел од балканскиот јазичен сојуз, а германскиот јазик е дел од големото германско јазично семејство, но со романско и словенско опкружување, споредбата на изразувањето на семантичката категорија евиденцијалност, фрла нова светлина врз строежот на овие два индоевропски јазика, наведува Лабровска.

Реклама

Во воведот авторката Грујовска-Миланова дава објаснување на целта за истражувањето и преглед на досегашните проучувања во светски рамки. Во првата глава се разгледува евиденцијалноста како семантичка категорија која упатува на изворот на информацијата врз кој се темели определен исказ. Даден е преглед на дел од граматичките и лексичките маркери што се појавуваат во јазиците во светот, а потоа се претставени евиденцијалните системи кои се документирани во јазиците во светот. Во овој труд се покажува македонскиот јазик дека има семантичка категорија евиденцијалност изразена со граматички морфеми и со лексеми, а со ваков појдовен концепт се прави анализа и на можните граматички и лексички маркери во германскиот јазик.

Првата книга на авторката Сашка Грујовска-Миланова е всушност магистерска теза одбранета на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во 2018 година. Сашка Грујовска-Миланова, по двегодишни постдипломски студии магистрирала и на Институтот за емпириска лингвистика при Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, а во тек е подготовката на најзината докторска дисертација.

Објавувањето на делото го поддржа Министерството за култура во Националната програма за издаваштво за 2025 година.