Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Објавен преводот на романот „Мистеријата на обезглавената жена“ од белгиска писателка и новинарка Миријам Лероа

Издавачката куќа Или-Или деновиве го објави преводот на романот „Мистеријата на обезглавената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Издавачката куќа Или-Или деновиве го објави преводот на романот „Мистеријата на обезглавената жена“ од познатата белгиска писателка и новинарка Миријам Лероа. Како и претходниот роман од истата авторка, „Црвените очи“, исто така објавен во Или-Или, и овој е во превод од француски на Светлана Јовановска.

Приказната во „Мистеријата на обезглавената жена“ започнува од случајно откриенот гроб на жена по име Марина Шафров, на кој стои дека била обезглавена во 1942 година. Ова ја поттикнува авторката да истражи која била таа и зошто нејзината приказна е заборавена.

Романот ја реконструира животната приказна на Марина – млада Русинка во егзил во Белгија за време на Втората светска војна, која извршува напад врз германски окупатор и потоа самата се пријавува, по што е осудена и погубена по наредба на Адолф Хитлер. Покрај историската линија, делото паралелно ги спојува минатото (1942) и сегашноста (2022), истражувајќи теми како: заборавените женски херои во историјата, идентитетот и жртвата, положбата на жените низ времето.

Реклама

Романот е комбинација од биографија, фикција и лична рефлексија, со цел да се „оживее“ една неправедно заборавена жена и да се постави прашањето зошто некои херојства исчезнуваат од колективната меморија.

Миријам Лероа (1982) се смета за писателка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Лероа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената. Авторката живее и работи во Брисел.