Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Оџачарот Дино од Куманово и годинава во хумана мисија за Кочани

Кумановецот Амзир Рушити-Дино, оџачар повторно ќе чисти оцаџи, а средствата ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановецот Амзир Рушити-Дино, оџачар повторно ќе чисти оцаџи, а средствата ќе ги намени за засегнатите од трагичниот настан од Кочани. Тој во денешната изјава за медиумите рече дека бесплатно ќе ги исчисти оџаците на сите кои ќе му покажат уплатница дека донирале на здружение на граѓани за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“. Лани, тој чистеше оцаџи во Кочани и имаше поддршка од тамошните организации, локална власт и медиуми. Годинава, иницијативата ќе ја спроведе во Куманово.

– Секој што ќе донира, ќе ми достави уплатница и јас бесплатно ќе му го исчистам оџакот. Ќе помогнам да исчистам 63 оџаци од Куманово-вели оџачарот Дино.

Тој верува дека кумановци ќе покажат солидарност.

Реклама

– Го познавам градот. Куманово отсекогаш било хуман град. Верувам дека граѓаните ќе помогнат, секој според своите можности-вели тој.

Како пример ја посочува и сопствената активност од минатата година, кога бесплатно исчистил оџаци за социјално загрозени семејства, самохрани родители и лица со посебни потреби. Акцијата доаѓа во период кога завршува грејната сезона, а иницијаторот смета дека ова е добра можност да се спои практична потреба со хуманост.

– Да дадеме малку за да можеме сите заедно да направиме нешто добро. Дај боже вакви трагедии да нема, но кога ќе се случат, да покажеме дека сме луѓе-порачува Дино.

Неговото мото е „благословот е поважен од парите“, човечки е да се пружи рака и помош онаму каде што треба.