Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

ОЈО отвори предмет по допрен глас за неправилности во Центарoт за социјални работи во врска со трагичниот настан во Карпош

Обвинителството истражува дали социјалните работници што го воделе предметот за Ивана и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството истражува дали социјалните работници што го воделе предметот за Ивана и Катја од Тафталиџе направиле кривично дело со тоа што не процениле ризик и не ги заштитиле од насилникот Стојанче Јовановски. Обвинителството оформи предмет по допрен глас, откако инспекцијата на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади утврди неправилности при работењето на Центарот за социјални работи од Скопје.

Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, велат од Јавно обвинителство.

Инаку истрагата на обвинителството за трагедијата во Карпош, во која животот го загубија мајка и ќерка по пад од зграда се проширува. До утре истекува 48 часовниот притвор на Стојанче Јовановски сопруг и татко на загинатите. Од Основното јавно обвинителство велат дека мерката притвор е неопходна за потребите на истрагата.

Реклама

Се вештачат три мобилни телефони на осомничениот, а истражителите прибираат и анализираат видео снимки од повеќе критични локации..Се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство поврзани со осомничениот и починатата жена.

Јавноста петти ден не мирува, граѓаните обвинуваат за пропусти на системот и бараат да се утврди одговорност кај сите оние кои биле надлежни, а не пружиле превенција и заштита на несреќната мајка и нејзината шегодишна ќерка.

Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот загинаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Според истрагата на МВР, Ивана и Катја пред трагедијата биле сами во станот, заклучени одвнатре со што се претпоставува дека Ивана заедно со својата ќерка се фрлила од шести спрат. Насилниот сопруг е осомничен дека ја навел на самоубиство, физички ја малтретирал и и ја загрозил сигурноста.