Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Њујорк, Рим, Тирана – почна прочистувањето на партиско-дипломатската мрежа на Димитров и Османи

Додека во амбасадите низ светот не претставуваат неквалификувани и партиски кадри ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека во амбасадите низ светот не претставуваат неквалификувани и партиски кадри ќе тонеме надолу и никогаш нема да бидат заштитени македонските национални интереси. Дипломатијата е занает и мора сериозно да се сфати, а надвор треба да не претставуваат луѓе со дигнитет, кредибилитет и свое јас. Експертите ја коментираат ситуацијата во која се наоѓа македонската надворешна политика – што е резултат на долгогодишни погрешни дипломатски чекори.

Последните случувања со повикувањето на тројцата амбсадори на консултации, од Обединетите нации, Рим и Тирана е показател дека голем дел од дипломатите испратени на мисија во странство се само партиски луѓе, чие амбасадорско место е награда за тоа што го одработиле за партијата.

Цело време кадровската политика била погрешна, особено во дипломатијата. Тоа е занает. Како архитектурата, како хирургијата, машинството. Не можете да пуштите било кој да биде дипломат. Ќе биде дилетант, ќе ја срами државата. И уште едно друго важно прашање проблемите со кои се соочува Македонија не  се од историски карактер, туку од дипломатски. Ние војната мора да ја водиме на дипломатски план. Ние ќе ја изгубиме таа историска и суштинска војна ако тоа не го знаеме. Во оменти кога се борите за вашиот престиж, опстанок, признавање, а во амбасадите нема амбасадори, тоа е саботажа, тоа е на директен начин работење против самиот себе си, порача поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Реклама

Според Никовски, новата власт треба да го преиспита работењето на сите амбасадори, па одново да се направи една бескомпромисна селекција која ќе донесе радикални промени во надворешната политика.

Новата власт треба да г опреиспита работењето на сите амбасадори. Овие тројца паднаа во очи на еден негатвивен начин, и не само што се повикани, тие треба да останат тука, да не се вратат. Една маса на амбасадорите, од дипломатите не заслужуваат да бидат таму, не се доволно квалификувани, не ја претставуваат добро државата. Треба да се нпраци една селекција, бескомпромисна, и тие проблеми ќе останат ако не преземеме нешто. Проблемите на непризнавање, на понижување,  фундаменталните проблеми, на игнорирање, остануваат се уште на мса, актуелни се. Новата власт мора да оди со ригорозни и радикални промени, додаде Никовски.

Последниот скандал во дипломатијата е со амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчковски кој злоупотребил пари од Мисијата за сопствени потреби. Отккао беше повикан на консултации во МНР, тој призна го призна делото но рече дека веднаш ги вратил парите.

На консултации беше повикан и амбасадорот од Италија, кој на своја рака ги извести тамошните власти дека пасошите без северна не важат, иако немаше таква насока од МНР, како и амбасадорот во Албанија, кој и покрај алармот на нашинците таму за бугарската пропаганда за време на пописот, не направил ништо.