Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

НУЦК „Марко Цепенков“ оспособен за престојното 59-то издание на МТФ „Војдан Черндрински“

Речено-сторено. На десетина дена пред почетокот на 59-тото издание на  МТФ „Војдан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речено-сторено. На десетина дена пред почетокот на 59-тото издание на  МТФ „Војдан Чернодрински“, салата и сцената од НУЦК „Марко Цепенков“, како и Киното „Мис Стон“, а кои по налог на ДЗС над два месеци беа затворени заради небезбедност, веќе се оспособени за безбедно одржување на Фестивалот. Годинашното театрско случување како единствено од тој „габарит“ во земјава, ќе остане пократко само за сцената од НТ „Војдан Чернодрински“, кој и понатаму останува затворен за јавноста. Но, тоа нема негативно да се одрази ниту на квантитетот, ниту на квалитетот на содржината на Фестивалот, бидејќи обезбедени се соодветни алтернативни сцени, уверуваат од МТФ, а како потврда на тоа е и веќе објавената фестивалска Програма. Фестивалот ќе го отвори претставта „12“ во продукција на МНТ – Скопје, а ќе го затвори претставата „Вистината“, во изведба на Театар Комедија од Скопје, и кои заедно со уште 10-тина други претстави, ќе бидат прикажани токму на сцената од прилепскиот ЦК.

  „Во центарот на татарот се секогаш актерите. Тие и нивната реалција со публиката, ја раѓа магичноста на сцената. Претставата „12“ во суштина ја пренесува таа релација во текот на тие 90 минути траење. Актерите во претставата покажуваат како личната актерска естетика станува дел од колективната креација и како сцената може да се збогати со внимателна и темелна игра“, – вели проф. д-р Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ.

   Како алтернативни сцени избрани се Галеријата од ЦК, извесни кафе-барови, како и Киното „Мис Стон“, каде освен секојдневното „Драмолетење“, ќе биде прикажана и проекцијата на документарните филмови на Благоја Ристески- Платнар, но и неколку театарски претстави. За најмладите вљубеници во тетарската уметност пак, на располагање е ставено платото под Грдаскиот Саат каде ќе се прикажуваат дневни детски театраски содржини, а тука ќе се случи и годинашниот „Музеј во движење“, посветен на тројцата починати врвни прилепски театарџии – актерите: Кирил Ристоски и Благоја Спиркоски-Џумерко, како и драмскиот автор Благоја Ристески – Платнар.

Реклама

  Годинашни добитници на наградите за животно дело се актерите: Соња Михајлова, Снежана Конеска – Руси и Гоце Тодоровски, a Фестивалот ќе се одржи од 6 до 13 јуни во чии рамки ќе ги има и популраните „Тркалезни маси“. За времетрањењето на Фестивалот, со Одлука на Советот на општина Прилеп, угостителските објекти ќе имаат продолжено работно време.