Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

НП „Маврово” продолжува со активностите за промоција на природни богатства и развој на дополнителни туристички содржини

Јавната установа Национален парк „Маврово”, во рамки на надлежностите, продолжува со активностите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната установа Национален парк „Маврово”, во рамки на надлежностите, продолжува со активностите за промоција на своите природни богатства, убавини и развој на дополнителни туристички содржини. 

– Овој пат тоа го правиме преку проширување, маркација и уредување на лесна планинарска патека која од село Требиште води кон живописното ледничко езеро Локув , едно од, така да речам, скриените бисери на паркот, информираше директорот Харис Ибраими.

Додава дека во рамки на активностите, патеката е значително подобрена, проширена и јасно обележана со нови маркации, патокази и информативни табли, со што движењето низ теренот станува полесно и побезбедно за посетителите. 

Реклама

– Посебно внимание е посветено и на просторот околу самото езеро, каде што се уредени зоните за одмор со поставени натстрешници и клупи, овозможувајќи им на планинарите и туристите да уживаат во мирот и убавината со која изобилува овој планински предел, нагласува Ибраими.

Оценува дека спроведените активности се дел од пошироката мисија на Националниот парк „Маврово” за развој на одржливиот туризам, подобрување на условите за посетителите и промоција на најубавите туристички локалитети во паркот. 

Локув е ледничко езеро и е едно од петте езера на планината Дешат.Тоа е најниското глацијално езеро во државава и според неговата местоположба претставува една вистинска туристичка атракција.