Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

НП „Галичица“: Пожарот деновиве ќе ја намалува својата кулминација

Единаесетти ден Галичица гори од сите страни,пламените јазици ја пеплосаа планината, граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единаесетти ден Галичица гори од сите страни,пламените јазици ја пеплосаа планината, граѓаните од синоќа се мобилизираат преку социјалните мрежи.Се апелира до сите физички подготвени доброволци кои поседуваат основна планинарска опрема со свој алат, мотика или гребло да се пријават во што поголем број за спас на Галичица.Пожарот се прошири на тешко пристапен терен зафаќајќи и шума, а неофицијално само вчера се слушнале детонации на повеќе од 40 минско експлозивни сретства.

”Нагла промена на ветерот од источна страна, од сите страни не заобиколи од исток,назад кон северниот дел кон Охрид, западниот вдолж Охридското езеро и ни ја заобиколи цела територија на стара Галичица на најнепристаен терен.Се гаснеше на 2100 метра каде што е многу отежнато самото движење,a камоли дистрибуција на опрема или на било што”-вели Ѓуро Јовчески од НП “Галичица”

Денеска на терен се околу 120 луѓе но без итна и сериозна поддршка од воздух пожарот ќе остави пустош зад себе,велат планинарите.

Реклама

”Пошто е се суво помогнато од ветерот се рашири многу , гори се’ цела Галичица од наша страна гори, поготово каде што е ниска шума се’ гори.Па ми се чини дека се што е голина се гори,нема каде нема пожар,пошто после 4 часот после ручек преовладува источен ветар силен и го пали и тоа што е останато од сувата трева и го шири надолу накај населениве места.Приватно доброволци носат и коњи бидејќи пределот е таков што не може да се однесе вода горе, нема шанси, не оди ни џип, носиме вода во туби колку да го држиме на некое добро растојание огнот од нас”-вели Ромео Ристески,планинар

Во Љубаништа туристите почанале да заминуваат ,се празни авокампот и бројните викенд куќи,она што влева доза на став се и саѓите и пепелот кои се забележуваат и во Охридското езеро. Камперите синоќа добиле и смс пораки доколку се чувствуваат подготвени да помогнат во отстранување на лисна маса на Галичица.

“Веќе 4 дена голтаме чад долу не се спие, саѓи паѓаат и се собравме повеќе самоиницијативно да помогнеме да го угасниме пожаров.Цела планина е изгорена за жал,ние како луѓе од Љубаништа во овие 60 години ова не се има десено да дојде до овие рамери, да гори шума”-вели волонтер од Љубаништа

Од ЦУК сепак смируваат денес се интервенира со шест водухоплови-три хеликоптери и три ер трактори со што се очекува во голема мера да се намали јачината на огнетната стихија.Во моментов во Македонија гори прородното богатство на Македонија,покрај Галичица , горат и националните паркови Јасен и Маврово.Во моментов низ државава се активни 12 пожари.

Росица Голабоска