Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Новогодишни пакетчиња за децата од детско одделение од општа болница Куманово

Дедо Мраз денеска ги посети дечињата на Детското одделение во кумановската Општа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дедо Мраз денеска ги посети дечињата на Детското одделение во кумановската Општа болница. Најмалите добија пакетчиња. Новогодишната програма на Општина Куманово и оваа година е насочена кон поддршка на најранливите категории граѓани, со акцент на децата, лицата без родителска грижа и лицата со попреченост. Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, информираше дека активностите започнале со посета на Детското одделение во Општата болница Куманово, каде во моментов се хоспитализирани околу 35 деца.

Заедно со Дедо Мраз, советници и претставници од секторите за труд и социјална политика, образование и здравство, ги посетивме дечињата на Детското одделение. Им посакавме побрзо оздравување и искрено се надеваме дека Новата година нема да ја дочекаат во болница. Денеска продолжуваме со поделба на пакетчиња за децата без родители, а утре ќе ги посетиме децата од Здружението на глуви и наглуви. Станува збор за ранливи категории за кои Советот и Општината традиционално се грижат, изјави Ѓорѓиевска. Таа посочи дека Советот веќе ги има дефинирано категориите кои секоја година добиваат поддршка, нагласувајќи дека социјалните политики нема да бидат прекинати ниту во 2026 година.

-Можам да кажам дека Куманово продолжува да се грижи за ранливите категории. Поддршките како народната кујна и другите социјални услуги ќе продолжат, а дел од нив планираме и да ги унапредиме. Сè што е предвидено ќе биде програмски дооформен, а доколку е потребно и преку ребаланс на буџетот, изјави Ѓорѓиевска.

Реклама

Директорот на болницата, Сашо Стошевски, истакна дека и наредната година очекува поддршка од Општината и градоначалникот.

-Општината и градоначалникот се наши традиционални партнери и значително помагаат во надминување на проблемите со кои се соочува болницата. Во моментов се реновира по една соба, согласно условите што ги имаме – не можеме целосно да затвораме одделенија. Во тек се работи на Интерното и Гинеколошкото одделение, како и на надворешното уредување на Инфективното одделение, изјави Стошевски.

Тој најави дека во 2026 година се планираат позначајни градежни интервенции реновирање на неврологија, кујната, како и отворање нови простории за физикална терапија и оперативниот блок.

Во делот на кадровската екипираност, Стошевски информираше дека болницата бележи постепен напредок, особено во критичната област, анестезиологија.

-На последниот оглас се пријави еден анестезиолог специјалист и еден специјализант од прва и втора година. Очекуваме позитивен исход, а денеска доделуваме и уште една специјализација по анестезиологија. Со тоа, полека доаѓаме до пет специјализанти, со надеж дека ќе обезбедиме стабилен и функционален кадар, рече Стошевски.