Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Ново ветување за нова болница во Штип

Нова надеж за новата болница во Штип. Тендер за доградба на штипската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова надеж за новата болница во Штип. Тендер за доградба на штипската Клиничка болница ќе биде распишен најверојатно во февруари, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој не сакаше да прецизира точен датум, со образложение дека станува збор за бирократски процедури кои не зависат од него. Во меѓувреме  Меџити најави дека отпочнато е и кривична постапка против градежната компанија за пробивање на роковите.

  „Едвај чекам дента да го распишам тендерот и точно со дата ќе ви кажам и тој што ќе касни ќе плати дебело. Покренав кривична постапка против фирмата која каснела и зошто не се градело. Таа компанија ќе треба да се соочи на суд со нашите органи„ изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Се прават напори во Штип да се стави во функција и акцелераторот  за пациентите со онколошки заболувања. Бункерот кадешто треба да биде сместен ќе се гради посебно, а не со болницата, најави Меџити

Реклама

 „Ја одма го поделив бункерот од проектот на Клиничка болница. Сега не се заедно . ние го тераме проектот за бункерот , брзо тоа да се направи за да може акцелераторот да се стави во функција„ изјави Меџити.

Речиси осум години се гради објектот во која треба да функционира  Клиничката болница и сега наместо свечено отварање, на повидок се нови тендери за доградба. Досега се реализирани само 30% од проектот кој требаше да биде изграден со кредит од Банката на Советот на Европа.