Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ново обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Рамиз Мерко се соочи со ново,десетто по ред обинение.По серијата скандали,кривични пријави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рамиз Мерко се соочи со ново,десетто по ред обинение.По серијата скандали,кривични пријави и обвиненија кои се редат против него,овој пат струшкиот градоначник кој се најде за црната листа на САД,кривично ќе одговара за осветлувањето кое го постави на речното корито на реката Дрим.Во соопштението од ОЈО стои дека Мерко во период од 1 април 2021-ра до 27 јуни 2022-ра како градоначалник ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, иако обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга”, велат од ОЈО.

Против Мерко до овој момент се водат вкупно 8 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.Се товари за незаконско поставување на спомен плоча на општинската зграда, случај за кој веќе се води судски процес. Тој е и еден од обвинетите за бесправно градење на објект во еден струшки хотел.Судскот процес и за овој случај никако да почне и денес закажаното рочиште во битолскиот основен суд беше одложено.

Реклама

Инаку Мерко седна на обвинителна клупа и за незаконското поставување на директори во неколку основни училишта.За спорното именување на директори во основните училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци,судот го осуди со парична казна од 10.000 евра. Преходно тој куртули од затвор и беше ослободен од вина за набавката на луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра.Јавото обвинителство ги обжали сите до сега изречени пресуди.