Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Ново обвинение против Нефи Усеини за дивоградба во Охрид

Ново обвинение за бесправна градба против контроверзниот бизнисмен и поранешен советник од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново обвинение за бесправна градба против контроверзниот бизнисмен и поранешен советник од ДУИ ,Нефи Усеини. Тој е еден од двајцата инвеститори кои пред 6 месеци без одобрение од Општина Охрид, срушија стар објект во центарот на градот наместо да го реконструираат. Во еден ден ја срамнаа со земја куќата со историско значење и афтентичен изглед,за на локацијата бесправно да никне зграда.Нема спомен од оригиналниот објект кој што беше симбол на македонската борба и државност и во кој неколкумина беа осудени на смрт од бугарскиот фашистичкиот окупатор во 1941 година,пред кој имаше и мермерна спомен плоча.Oпштинскиот градежен инспектор своевремено наредил отстранување на нелегалните доградби и затворање на градилиштето со полициска асистенција,но инвеститорот ја отстранил жолтата лента и продолжил со градба.

“По спроведена истражна постапка,ОЈО Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело-бесправно градење. Осомничените на возраст од 49 и 48 години, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност.” велат од ОЈО Охрид.

Во соопштението од ОЈО стои и дека против Усеини се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.Станува збор за пицеријата која тој ја изгради на државно земјиште во срцето на градот,кај охридскиот чинар.Јавното обвинителство подигна обвинение дури после 4 години,а дивоизградената пицерија и сега работи со полна пареа.Инаку според членот 244-а од Кривичниот законик оној  што гради на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, му следи затврска казна од 3 до 8 години.

Реклама

Името на Нефи Усени низ годиниве се врзуваше со низа скандали.во 2019-та изгради бетонска база недалеку од брегот на Охридското езеро на имот кој за таа намена му го отстапи  Исламската верска заедница.Една година подоцна согласно препраките на Унеско беше дислоцирана.Усеини го паметат и по тепачка со друг советник сред седница на гратскиот Совет,а  помина неказнет.

Нефи Усеини не сака да кометира ништо по последното обвинение за бесправна градба кое против него го поднесе ОЈО.

Росица Голабоска