Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Новите скапи и луксузни возила вредни 2,3 милиони евра ќе ја изгорат ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност

Скандалозниот тендер за набавка на нови скапи и луксузни автомобили вредни цели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозниот тендер за набавка на нови скапи и луксузни автомобили вредни цели 2,3 милиони евра народни пари, освен што ќе ги изгори директорите на ЕСМ, може да им се удри од глава и на компаниите кои треба да ги испорачаат возилата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која се очекува да ја предводи владата по изборите, тендерот го оцени како уште еден огромен криминал за кој некој сигурно ќе сноси одговорност. Потпрестедателот на партијата Николоски ги предупреди и компаниите од каде се набавуваат возилата да отворат четири очи пред да ги испорчаат за да не бидат и тие вмешани во истрагата за криминал.

Се работи за едно безочно крадење на одење и да посочам дека одговорност ќе има. Исто така да ги посоветувам оние од кои што се набавуваат возилата, два пати да отворат очи пред да ги доставуваат возилата во Електрани на Македонија и пред да потпишуваат договори затоа што истрагите ќе се сеопфатни и ќе ги опфаќаат сите кои што се дел од тоа, а тоа ги вклучува секако и компаниите кои што влегуваат во ваков криминал со Електрани на Македонија, така што овој криминал треба да се испита а компаниите да бидат внимателни во каков криминал влегуваат со Електрани на Македонија и со оваа влада на заминување“, нагласи Николоски.

Според овој скандалозен договор кој е склучен само пет дена пред распишувањето на изборите, компанијата со народни пари набавува 52 возила од моделите на „Дачија“  и 30 од марката „Пежо 2008“. Интересно е што автомобилите се со дополнителна опрема која се плаќа дополнително, како што се сензори за паркирање и за дожд, камера за паркирање, погон на сите четири тркала, лед светла, систем за контрола на мртов агол и слично.

Реклама

Од Електрани на Македонија се правдаат дека иако имаат загуби како компанија, тие морале да ги набават возилата затоа што другите биле веќе стари и неупотребливи. Нивното одржување чинело поскапо отколку купувањето нови.

Во АД ЕСМ не е спроведена јавна набавка на возила од 2010-та година. Возниот парк со кој располага компанијата е застарен, возилата се амортизирани, и согласно пресметките, трошоците за нивно одржување се повисоки во споредба со набавка на нови возила.  Во однос на ликвидноста, потребно е да се нагласи дека завршната сметка за 2023- та година за работењето на АД ЕСМ се уште е во изработка, но можеме да кажеме дека најверојатно 2023-та година ќе ја завршиме со позитивен финансики резултат – oдговорија од ЕСМ.

ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време алармира за бројни скандали во Електрани, поврзани со тендери за изнајмување на механизација за работа во РЕК Битола но и за состојбата во термоелектраната Осломеј кај Кичево. Според опозицијата, целта на раководството на Електрани била да ја затвори оваа термоелектрана. Лидерот на партијата Мицкоски предупреди и за јавните набавки за јаглен и јаловина за РЕК Битола преку кои, фирми блиски до власта ќе добијат 140 милиони евра