Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Нови возила за почисто Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров го продолжува процесот на модернизација и зајакнување на општинските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров го продолжува процесот на модернизација и зајакнување на општинските служби. Со инвестиција од 1.700.000 денари, општината набави две нови мултинаменски товарни возила кои ќе придонесат за поефикасно и побрзо одржување на хигиената на територијата на општината.

Како што истакна градоначалникот Александар Стојкоски, оваа набавка претставува уште еден чекор кон унапредување на условите за живот на граѓаните.

„Со овие нови возила значително ќе ја зголемиме нашата ефикасност на терен. Секој ден работиме за чиста и уредна животна средина, а со вакви инвестиции покажуваме дека тоа не се само зборови, туку дела. Апелирам до сите наши сограѓани да ни помогнат во оваа мисија со одговорно однесување и одржување на хигиената“, рече Стојкоски.

Реклама

Новите возила се дел од стратегијата на општината за постојано унапредување на јавните услуги, со што директно се подобрува квалитетот на живот на сите жители. Стојкоски додаде дека општината останува посветена на иницијативи за зачувување и унапредување на животната средина и повика на заедништво:

„Затоа, заедно ја градиме општината која ја заслужуваме. Секој граѓанин има своја улога во оваа приказна, а општината е тука да даде поддршка со модерна инфраструктура и услуги.“
Со оваа инвестиција, Ѓорче Петров уште еднаш покажува дека грижата за чиста животна средина е приоритет, а заедничките напори помеѓу општината и граѓаните се клучни за успехот.