Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Нови скландалозни детали за работењето на агенцијата за филм, незаконски се финансирале фестивали

Додека директорувал со Агенцијата за Филм, Бојан Лазаревски незаконски и своеволно делел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека директорувал со Агенцијата за Филм, Бојан Лазаревски незаконски и своеволно делел народни пари – утврдило министерството за Култура, во чиј извештај велат дека тоа го правел без согласност од управниот одбор, како и без да обезбеди финансиски средства. Тоа го направил преку потпишување меморандуми за соработка со „Рива филм“, организатор на фестивалот „Понта Лопуд“ кој се оддржува на остров близу Дубровник.  На фестивалот требало да има и преставник од  Агенцијата за Филм, па решил дека 5 дена по ред тој лично ќе присуствува. Според надзорниот извештај на министерството, тој ова го правел две години по ред, а се обидел и годинава.

  • Во 2023 година поранешниот директор Бојан Лазаревски, склучил меморандум за обезбедување средства и за 2024 година, исто така, без одлука на управен одбор, ниту пак спроведена законска постапка за обезбедени финансиски средства. Овој меморандум не треба да се реализира од страна на сегашниот директор на Агенција за Филм, бидејќи е незаконито склучен, стои во Надзорен извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм

Поранешниот директор Бојан Лазаревски пак, во телефонски разговор за ТВ Алфа др правда, вели дека тој лично не носел одлуки, бидејќи законот за филмска дејност бил дециден. Одлуки носел управниот одбор, а тој само ги спроведувал. Додека пак за тоа, кој ќе присуствува на фестивалите, пристигнувале покани од организаторите, не одлучувала Агенцијата за филм.

Од министерството за култура констатирале неправилности и во финансирањето на фастивалите „Златна рамка“ и „Браќа Манаки“. Настани кои ги спојува Друштвото на филмски работници, бидејќи тие ги организираат.

Реклама

За фестивалот „Златна рамка“, од Култура утврдиле судир на интерси, бидејќи истите лица кои одлучувале кој да земе пари во Агенцијата за филм, во истовреме биле и корисници на истите. Култура утврдило и дека најголем дел од трошоците предвидени за овој настан, биле за хонорари, од кои добар дел завршиле кај првите луѓе на ДФРМ, Игор Ивановски – Изи и Томи Салковски.

Додека пак за манифестацијата „Браќа Манаки“, министерството вели дека во Агенцијата за филм не нашле извештаи за тоа, како се трошеле народните пари на овој фестивал две години по ред, како и дека строго наменски средства биле дадени за репрезентативен материјал, кој не бил предвиден со договорот.