Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Нови правила за пешаци, велосипедисти и возачи: Забрането користење телефон и слушалки на пешачки премини

Додека минувате пешачки премин не смеете да зборувате да телефон, да пишувате…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека минувате пешачки премин не смеете да зборувате да телефон, да пишувате порака или да носите слушалки во двете уши. Истото важи и за велосипедистите и возачите на мотоцикли и електрични тротинети. Полицијата почна со примена на измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полицајците ќе постапуваат превентивно односно нема од прв дена да пишуваат казни. Сите граѓани кои беа застанати од полициските службеници добија опомена и така ќе биде првите 30-тина дена. Потоа за секое не почитување на законот ќе бидете парично казнети. Пешачењето со телефон во рака или на уво при преминување пешачки премин ќе чини 40 евра, а возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред ќе се казнува со 50 евра.

Некои од граѓаните запознаени се дека не смеат да користат телефон или слушалки додека поминуваат, други прв пат слушнаа.

Реклама

Сите се согласни дека ќе го почитуваат законот и се надеваат дека ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот. Некои од граѓаните велат дека за одредени случаи треба да се има разбирање. 

Од почетокот на идната година ќе почне да функционира и системот Сејфт сити. Иако се уште не започнат да се имплементира, тоа сепак превентивно веќе делува смета професорката Гордана Лажетиќ.

  • „Треба во јавноста да се разбие една заблуда дека веднаш на првиот прекрошк ќе ви го земат моторното возило, меѓутоа, за повторници, за оние коишто безобѕирно управуваат со возило со брзина над 120 од дозволената, веќе е нешто што возилото се претвора во опасно орудие и тоа мора да биде одземено“, нагласува Лажетиќ.

На почетокот ќе има поголем број казни, вели професорката, но интитуциите можат да се справат со тоа. 

  • „Оној којшто не сака да се придржува на тие основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник во него и тука мислам и на пешаци, и на велосипеди, и на електрични тротинети, тука мислам и на возачи на кое било моторно возило,“ нагласи Лажетиќ. 

Според МВР, целта на овие законски измени е да се намали бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимателно однесување и да се зголеми безбедноста на најранливите категории учесници во сообраќајот.