Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Нови компјутери за учениците во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможува секој ученик да работи на сопствен компјутер во рамки на информатичкиот кабинет.

Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до дигитални технологии за учениците.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека општината продолжува со инвестиции во образованието и создавање современи услови за учење.

Реклама

– Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Нашата цел е учениците да имаат подобри услови за настава и можност да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни понатаму, изјави Стојкоски.

Од Општината информираат дека до крајот на годината сите основни училишта во Општина Ѓорче Петров ќе добијат современи кабинети по информатика, како дел од континуираните активности за подобрување на образовната инфраструктура.