Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

🎥 Нови директни летови до Мадрид, Стокхолм, Прага, Келн и Бари

Од главниот град оваа есен ќе се лета до 5 нови дестинации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од главниот град оваа есен ќе се лета до 5 нови дестинации во Европа. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпиша договори за 5 нови авиолинии кои ќе ги оперира нискобуџетната Визер. Компанијата ќе добива субвенции од 9 евра по донесен патник. Летот до Келн повторно се воспоставува откако лани беше укикнат поради високите аеродромски такси. Се обновува и линијата до Стокхолм и тоа од главниот аеродром Арланда, а не од подалечниот Скавста. Визер за првпат ќе лета и до Прага, исто како и до Бари и Мадрид.

„Ова се 5 нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Николоскиј е задоволен од напредокот во авиосообраќајот бидејќи со веќе воспоставените 11 летови, за една и пол година се додадени вкупно 16 нови градови до кои ќе летаат авиокомпаниите. Сообраќајот од двата аеродроми во земјава е во постојан пораст.

Реклама

„Само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром. Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии. Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија“ – рече Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

„Визер“ веќе ги пушти билетите во продажба до Прага, Мадрид, Стокхолм и Бари, со исклучок на Келн. Цените започнуваат од 969 денари. Според објавените цени, до Мадрид и назад најевтино може да се лета за 70 евра. До Стокхолм повратна авионска карта чини 110 евра. Најевтино е до Бари, 55 евра повратна, додека до Прага и назад може да се лета за 95 евра. Компанијата информира дека ќе додаде и шести авион во базата во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со авиони „ербас“-321 нео“ до крајот на оваа година, кои имаат повеќе седишта од авионите кои досега се употребуваа. Визер најави и зголемување на бројот на неделни летови до Братислава, Љубљана Карлсруе, Нирнберг и аеродромот Буве во Париз. Во изминатава година Владата договори нови летови од Скопје до Барселона, Лион, Штутгарт, Женева, Париз, Амстердам, Ларнака, а засега одложени се летовите до Дубаи. Од Охрид пак се лета до Истанбул и Базел.