Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Нови детали во случајот со судијата Ѓоко Ристов: Како биле откриени 350 илјади евра и непријавен имот

Истрагата за судијата Ѓоко Ристов и соѕиданите 350 илјади евра потсетува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за судијата Ѓоко Ристов и соѕиданите 350 илјади евра потсетува на мафијашки трилер според она што го брифираше Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Првите сомнежи се јавиле пред 8 до 9 месеци. Сведоци почнале да пријавуваат влијание од адвокати за различни предмети, а и дека им се бара мито. Се склопил цел мозаик. Обвинителката Искра Хаџивасилевска вели дека покомплексни се истрагите за лица со влијание како што е осомничениот судија. Се вклучиле АНБ, финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и со помош на техничка опрема што ја поседува Истражниот центар на Обвинителството се стигнало до осомничениот.

Проверувавме преу многу институции. Наидовме и на телефони од затвор во кои затвореници си прават различни муабети. Различни сведоци од секаков вид на предмети пријавуваа со месеци. Праќавме барања за одговори до многу места, но кога истражувате лице со влијание оди потешко, бидејќи однапред знаете тој може секаде да се јави и да влијае, вели обвинителката Искра Хаџивасилевска.

Реклама

Ристов не бил под посебни истражни мерки, но работата станала појасна откако екс државниот правобранител Фехми Стафа заврши во притвор за давање мито. Поткупот бил за Ристов кој наводно барал 100 илјади евра за да го укине притворот на Љупчо Пецов, обвинет во случајот Синџир.

Истражителите влегле двапати во семејната куќа на Ристов во Неготино. Првиот пат нашке нашле зацементирана дупка што наликува на сеф, но била празна. Вториот пат ги забележале плочките од кујната и со помош на посебен уред ги откриле парите. Се трагало по докази на три локации. Ристов поседува и стан од 150 квадрати во скопско Тафталиџе кој не му е пријавен во Антикорупциска и за кој постои сомневање дека му е незаконски стекнат.

Симптоматичен е и куќниот притвор со судијата, со  оглед на тоа што станува збор за најдена огромна сума на пари, со индиции дека се пари од поктуп за влијание врз судски одлуки. Иако на обвинителката Хаџивасилевска и е сомнително боледувањето на Ристов кое се поклопува со претресите во неговиот дом, сепак тоа било едно од причината зошто тој не е зад решетки, туку е дома.

Тој има активно боледување. Иако го земав со резерва бидејќи е отворено тогаш кога почнавме со претреси, но сепак како документ постои и е важечко. Сметавме дека нема ризик од бегство и ги ценевме сите околности. Засега сметаме дека и оваа мерка е доволна, вели Искра Хаџивасилевска, обвинителката.

Родителите на судијата, тврдат дека парите најдени скриени зад плочките во ѕидот не се на нивниот син, туку нивни, стекнати од земјоделие. Сепак обвинителството оваа теза не ја смета за нерелевантна. Оттаму им порачуваат на граѓаните да пријавуваат корупција. Како што најавија, истражителите се уште трагаат по други пари и имот за кој се верува дека судијата незаконски го стекнал. Ристов е осомничен за прикривање на незаконски стекнат имот и пари и за перење на пари. Со овие две дела, му се заканува затвор од најмалку 10 години.