Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Македонија

Нови активности за унапредување на соработката меѓу Уставниот суд и германската фондација ИРЗ

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со делегација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со делегација на германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), во состав: Штефан Пирнер, раководител на проектот за Западен Балкан и Арнд Волер, самостоен менаџер на проектот.

Во рамките на средбата, како што информира Уставниот суд, беа разменети мислења и информации за тековните активности, како и за можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочување. Беше изразена заедничка согласност за квалитетот и ефектите од досегашната соработка, која се оценува како значаен придонес кон јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на стручната експертиза. 

Соговорниците ја истакнаа важноста на ова партнерство за натамошно зацврстување на улогата на Уставниот суд во обезбедувањето на владеењето на правото и заштитата на уставноста, законитоста и човековите права, во согласност со европските и меѓународните стандарди.

Реклама

Во тој контекст, беа разгледани и утврдени приоритетните насоки за идната соработка, вклучително и организацијата на регионална конференција во коорганизација со ИРЗ, во рамки на проектот „Поддршка на работата на Уставниот суд“, како дел од пошироките активности за регионална соработка во Западен Балкан. Конференцијата ќе овозможи платформа за стручна размена и унапредување на соработката меѓу уставните судови од земјите од словенското говорно подрачје.