Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Нови 18 позитивни на Корона, меѓу нив вработен на Клиниката за кардиологија

Нови 18 позитивни на Ковид 19, со што бројката на заболени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 18 позитивни на Ковид 19, со што бројката на заболени во земјава се искачи на 219, a 7307 се во самоизлоација.
Десетици лица од јавното претпријатие Национални шуми седат дома, откако кај двајца вработени меѓу нив висок функционер во претпријатието било детектирано дека се позитивни на Ковид 19. Како што дознава Алфа вработените биле пуштени дома минатиот петок, а вчера добиле информација од здравствените власти дека треба да останат во самоизолација уште 14 дена. Еден од веќе позитивните на Корона, според нашите информации, пред да му биде утврден вирусот имал средби и со дел од вработените во СВР Велес, по што велешката полиција била дезинфицирана.

Во меѓувреме позитивен на Корона е и вработен на Клиниката за кардиологија, тој болен доаѓал на работа. Кардиологија сега функционира, бидејќи на работа е тимот кој немал никаков контакт со вработените во чија смена доаѓал на работа заболениот. Министерот Венко Филипче уверува дека секој здравствен работник кој свесно се појавил на работа, иако имал симптоми ќе сноси одговорност.

– Секој здравствен работник кој свесно се појавил на работа, иако имал симптоми ќе сноси одговорност, изјави Венко Филипче министер за здравство.
Во државата има вкупно 17 заболени здравствени работници, но според Филипче, тоа не значи дека се заболеле бидејќи не ги почитувале протоколите, за што пример е Инфективната клиника, каде што нема заразен лекар, рече министерот.

Реклама

На клиниката за Инфективни болести бројот на хоспитализиране достигна до 44 пациенти од кои 7 се со влошена здравствена состојба. За оние граѓани кои се вратиле во змејава од странство и биле во самоизлоација две недели, а немале симптоми, мерката за самоизолација им се продолжува за уште 14 дена.

Катерина Гетева