Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Новата влада со ребаланс на буџетот успеа да обезбеди повеќе пари за пензии, плати и за бизнисите

Дупките пополнети, скратени сите непродуктивни трошоци, пренамена на средства – власта успеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дупките пополнети, скратени сите непродуктивни трошоци, пренамена на средства – власта успеа да обезбеди повеќе пари за плати, пензии и за бизнисите. Владата го објави ребалансот на буџетот. Приморана беше да ги зголеми расходите за 350 милиони евра на 5,85 милијарди евра, приходите ќе изнессуваат 5,1 милијарди евра, а дефицитот се продлабочува од 545 милиони евра на 730 милиони евра или 4,9% од БДП. Јавниот долг ќе мора да скокне од сегашните 62 на 68,2% од БДП. Нереалните проекции на претходната влада, која проектирала буџет за половинва, а не за цела година, не и оставија простор за маневар на новата околу прекројувањето на државната каса. Министерката за финансии вели дека обезбедиле пари, кредитот од Унгарија ќе легне на сметка во септември, но дека треба многу да се внимава со трошењето за да не се наруши кредитниот рејтинг на државата.

Ова година нема да имаме проблем, но на 25 јануари доспева за наплата еврообврзница од 500 милиони евра. Ќе ги разгледаме сите опции за задолжување. Нема да бидеме среќни ако мора да издадеме еврообврзница, затоа што каматите се високи. Ќе видиме дали може да обезбедиме уште пари по поволни услови од Унгарија, а да легнат во јануари 2025 година“ – рече Димитриеска-Кочоска.

Прераспределени се 325 милиони евра. Се кратело секаде кадешто можело да се скрати и дел од овие пари се пренаменуваат за 2.500 денари покачување на примањата на секој пензионер и за речиси 100 милиони евра за капитални проекти за општините. Се обезбедиле дополнителни над 80 милиони евра за зголемувања на пензиите, како и плус 66 милиони евра за исплата на плати. 83 милиони евра ќе се потрошат за отплата на кредитите кон странство што предходната влада ос своите директори ги направиле преку државните и јавни претпријатија како ЈПДП, Железници, ЈСП, ЕСМ кои не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции. Најмногу се скратило од буџетот на Владата. Капиталните инвестиции остануваат на исто ниво од 730 милиони евра, при што имало кратење кај непродуктивните и префрлање на пари кај проектите кои се реализираат. Исто така, целосно се укинуваат парите за антиковид мерки.

Реклама

Министерката вели дека претходната Влада целосно ги промашила проценките за раст на економијата кога првично го креирала буџетот. Растот кој сега се очекува не е 3,4% туку 2,1%. Владата очекува тој да се заснова на поголемото трошење на домаќинствата и инвестициите на фирмите, со негативен придонес на нето извозот. Инфлацијата до крајот на годината ќе изнесува 3,5%. Прекроениот буџет веќе е доставен до Собранието.