Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Новата градинка во Кочани има капацитет за згрижување 120 деца

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на нов објект од  детска градинка „Павлина Вељанова“ во Кочани, во кој има простор за згрижување 120 дечиња.

Тој оцени дека овој објект значително ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните, особено на најмладите.

– За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така и овој објект во Кочани. Градоначалникот многу детално даде осврт на тоа што овој има за цел да направи и која е неговата функција и колкав е бројот на дечиња што овдека ќе бидат згрижени и ќе можат да растат во рамките на овој објект, кој,  како што знаете долго време беше потребно за да биде пуштен во употреба целосно, рече премиерот Мицкоски.

Реклама

Тој при тоа се заблагодари на градоначалникот и на заменик-министерот во Министерство за социјална политика, демографија и млади, на Советот, на администрацијата во Општина Кочани, за ангажманот којшто го имале, како што рече,  денеска конечно, после сите перипетии во минатото овој објект започне да работи. Мицкоски воедно истакна дека Владата секогаш ќе ги поддржува градоначалниците бидејќи, вели, тие ги знаат приоритетите на локалната заедница. 

-Ќе повторам, ние како Влада стоиме целосно и позади работата на градоначалникот и апсолутно позади потребите на граѓаните на Општина Кочани, нагласи тој.

Новиот клон „Детелинки“ на ДГ “Павлина Вељанова“ е директен одговор на потребите на нашите сограѓани, на нашите најмили, на нивните родители и на нашата иднина, смета градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, кој беше дел од свеченоста на пуштањето во употреба на градинката „Детелинки“ .

-Овој објект е резултат на една заедничка визија и е симбол на една солидна синергија помеѓу локалната и централната власт, нагласи кочанскиот градоначалник Грозданов.

Објектот „Детелинки“, располага со нето корисна површина од 1.011,64 м2 и двор од 2.510 м2. Во објектот ќе се згрижуваат сто и четиринаесет (114) деца, од девет (9) месеци до шест (6) годишна возраст, организирани во шест (6) групи, согласно Законот за заштита на децата.