Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026 – 2030, најавува МЗ

Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени институции и релевантни министерства.

Според Нермина Факовиќ, координатор за еднакви можности при Министерството за здравство на 10. состанок на секторската група за здравство, новата стратегија се темели на начелата – мултисекторски пристап кон унапредување на здравјето, интеграција на јавното здравје, образованието и социјалната заштита, усогласеност со политиките на Европската Унија и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), фокус на човековите права и обезбедување еднаков пристап до здравствени услуги.

Реклама

Како што се појаснува во соопштението, стратегијата предвидува конкретни мерки и активности во приоритетни области: планирање на семејството и третман на инфертилитет, безбедно мајчинство и здравје на новороденчиња, сексуално преносливи инфекции (СПИ) и малигни неоплазми, сексуално и репродуктивно здравје на адолесценти, родово-базирано насилство, како и менопауза и кризни состојби.

– Во рамките на стратешкиот период 2026 – 2030, предвидени се следните главни цели: подобрување на пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, подигнување на јавната свест за сексуалното и репродуктивното здравје, јакнење и зголемување на капацитетот на здравствениот систем, обезбедување интегрирани и квалитетни здравствени услуги, подобро управување со податоци и здравствени информации – се нагласува во пишаната изјава на министерот за здравство, Азир Алиу.

Во соопштението се нагласува дека Министерството за здравство ги вклучува сите засегнати страни, стручни здруженија, граѓански организации и јавноста, во процесот на консултации и финализирање на стратегијата.