Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Нова провокација од ДУИ: Борците на УЧК ги споредија со комитите, просветниот инспекторат e на терен

Вонреден инспекциси надзор во училиштето “7 март” во Челопек ќе ги одреди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вонреден инспекциси надзор во училиштето “7 март” во Челопек ќе ги одреди неправилностите кои се направени за време на прославата на албанското знаме, потврди министерката за образование.  Јаневска откри дека покрај овој случај, документирани се слични настани во уште четири училишта, две во Тетово и по едно во Чаир и Струга за кои инспекторатот допрва треба да постапува.   

“Просветниот инспекторат е тргнат во училиштето во Челопек, дополнително имавме пријави за уште две училишта во Тетово, едно во Чаир и едно во Струга. Во сите тие училишта за кои имаме докази, со слики, со пријави, дека се случувал таков немил настан, просветниот инспекторат е на терен и очекуваме да постапат согласно законот” изјави Јаневска.

Реклама

Според опозициската ДУИ, владата и министерката Јаневска промовираат антиалбанска политика и дискриминација со двојни аршини. Од Мала Речица велат дека во Челопек се промовирале државни симболи и култура, кои власта сакала да ги претстави како провокација, и оти претходно во училиште во Аеродром имало слична прослава на која децата биле облечени во комитска облека.

„Денес, Министерот за образование се заканува со санкции за едно училиште во Челопек, бидејќи децата албанци на културен настан носеле униформи кои ја симболизираат историјата и гордоста на албанскиот народ. Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави, немаше никаква реакција” стои во соопштението на ДУИ.

Училиштето е место каде треба да се прмовира мутикултурализам и заедништво, а симболите на комитите се дел од Македонската историја, нагласи министерката за образование Весна Јаневска. Но според неа се што е надвор од воспитните праграми ќе се санкционира, што е случај со воспитувачката од училиштето во Аеродром  за која веќе се води судска постапка.

“Комитите се дел од историјата на државата Македонија, комитите ги учат по наставните програми. Комити биле и македонци, и албанци, и турци, и други етникуми. Дополнително, направен е силен прекршок, воспитувачката од градинката во Аеродром која ја организирала таа прирерба е отпуштена од работа и сеуште е на суд” нагласи Јанева.

Низата реакции на релација власт и опизиција следат откако на прослава за денот на албанското знам,  ученици во училиште во Челопек изведуваа претстава со пушки и други оружје кое за среќа се само реквизити и играчки.

Даниел Ѓорѓевски