Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Нова ненормалност во функција на брзи избори-СДСМ осамена во планот ?!

Се урива ли планот на СДСМ за брзи избори? Заев останува само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се урива ли планот на СДСМ за брзи избори? Заев останува само со поддршка од коалициониот партнер Билал Касами. Секојдневниот пораст на новозаболени СДСМ и БЕСА не ги премислува, но останатите партии од албанскиот кампус на прво место го ставаат здравјето на граѓаните.
За тоа дали критичните бројки се опомена техничкиот премиер Оливер Спасовски без прецизен одговор.

Од Беса со став ,избори брзи мора да има оти никој не гарантира дека состојбата во август или септември нема да биде иста или полоша.
За разлика од Беса, Од Алтернатива велат дека тие биле за избори во Јули , но доколку продолжи да расте бројот на заболени и починати од Корона, тие како партија воопшто и нема да размислуваат за избори, оти најважно им било здравјето на граѓаните.

Интегративците денеска ќе заседаваат и ќе ја анализираат ситуацијата, потврдуваат за Алфа.

Реклама

Партијата на Зијадин Села останува на датумот 26 јули, но велат важен им е консензусот на политичките партии како и почитувањето на препораките на здравствените власти во врска со народното изјаснување.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од своите позиции – дека здравјето на граѓаните е приорите, а не изборите.

Ако партиите успеат да се договорат, тогаш Пендаровски ќе свика лидерска средба на која ќе се утврди датумот. Но од она што досега јавно и официјално го соопштуваат и двете страни се уште се далеку од договор, иако неофицијално се крчкало консензуално решение за јули.

Социјалдемократите веќе не го споменуваат 21 Јуни. Тоа се толкува како можност за простор за договор со ВМРО-ДПМНЕ. 5 Јули најчесто се споменува како датум за гласање, но неофицијално постојат различни ставови за тоа дали да има избори на почетокот или на крајот на следниот месец.

Meри Ѓорѓиевска