Речиси изумрена партија, без никаква мрежа или пак партиска инфраструктура, и речиси целосно заборавена во јавноста, но сепак полесно да се преземе постоечка отколку да се прави нова од нула. Мотивот на градоначалничката Данела Арсовска за преземањето на Нова Алтерантива, според многумина, е неможноста да собере 1.000 потписи, колку што се потребни за да регистрира нова партија. Експертите не очекуваат Алтернатива под раководната палка на Арсовска да постигне било каков успех, поради фактот што важи за еден од најлошите градоначалници на Скопје во изминатите 30-тина години.
Данела Арсовска е цунами за Скопје и Македонија и не ме изненадува нејзината амбиција да создаде политичка партија, но мислев дкеа ќе создаде дод нула а нема да прземе минорна политичка партија, воопшто се сомневам дека граѓаните знаат дека таа партија постои. Се покажува нејзиното работење сите го гледаат, воопшто нема никакви менаџерски и препримачки способносит и не можеше да собере отписи, па презеде некоја друга, постоечка, нејзиниот настап на изборите ќе биде катастрофален и ќе биде техничка грешка – рече политичкиот аналитичар, Синиша Пекевски.
Нова Алтернатива е формирана во 2007-година, кога нејзиниот основач Ѓорѓи Оровчанец му го врти грбот на Љубчо Георгиевски, во чија влада еден период дури беше министер за здравство, и решава да се приклучи на коалицијата предводена од СДСМ. Партијата останува сателит на Социјал-демократите, се до завчера, иако присуството на нивниот генерал секретар Миле Зечевиќ на конвенцијата организирана од Арсовска, создаде забуна дали и во иднина ќе останат да соработуваат. Дали оваа партија воопшто ќе учествува на изборите, дали ќе настапи сама, дали ќе има листи во сите изборини единици засега нема одговор. Арсовска денеска се појави во јавноста, но одби да коментира.

„Политика не, во однос на Град Скопје. На политички теми може да разговараме надвор, на време и место. Денеска тоа што е во надлежност на градот и голем фокус молам да имате на оваа тема“, рече Арсовска.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак тврди дека токму СДСМ се тие кои и ја купиле Нова Алтернатива на Арсовска, а присуството на Зечевиќ го оценија како обелоденување на тајната коалиција межу градоначалничката и владеачката партија.
Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна. Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС. Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска која вчера беше промоиврана за нов претседател на „Нова алтернатива“, демантираше дека е во коалиција со СДСМ и ги изнесе ставовите за кои ќе се залага партијата, како ослободување на судството и напредокот на македонската економија. Упати критика кон преспанскиот и договорот за добрососедство.
