Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Нов состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево

Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата конститутивна седница, на која со консензус беше избрано новото раководство на Советот. За претседател е избран Зоран Биковски, а за заменик-претседател Билјана Ѓеоргиевска.

На седницата, членовите на Советот беа запознаени со активностите и мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2026 година, при што посебен акцент беше ставен на Планот за подготовка на Социјалниот план за периодот 2026–2030 година, како клучен документ за развој на локалните социјални услуги.

-Советот за социјална заштита има надлежност да изготвува Социјален план за подрачјето на Општина Делчево, врз основа на кој градоначалникот подготвува Годишна програма за социјална заштита, која се донесува од Советот на Општината по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика. Советот, исто така, предлага локални мерки и активности од областа на социјалната заштита, се вели во соопштението по конституирањето на новиот Совет.

Реклама

Во новиот состав на Советот за социјална заштита на членуваат претставници од локалната самоуправа, образовните и здравствените институции, социјалните служби, верските заедници и граѓанскиот сектор.

-Ова е трет состав на Советот за социјална заштита од неговото формирање во 2019 година. Досегашните состави дадоа значаен придонес во развојот на социјалните услуги и во подготовката на Социјалните планови за периодот од 2020 до 2026 година, додадоа до Општината.

Новиот состав на Советот е формиран со одлука на Советот на Општина Делчево, со мандат од четири години.