Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Нов извештај на ЕП за Македонија, нова канонада од Софија – поднесени дури 100 бугарски амандмани

Бугарија повторно распали по Македонија во Европскиот парламент – овојпат удрија врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија повторно распали по Македонија во Европскиот парламент – овојпат удрија врз новиот извештај за напредокот на државава со речиси стотина амандмани или третина од вкупно поднесените. Од тоа македонскиот јазик да се преименува во „модерен„, промената на историјата во учебниците да биде дел од преговорите, па до тоа влегувањето на бугарите во Уставот да не значи и автоматси почеток на преговоите. Всушност, со амандамните на големата врата повторно  ги отвораат најчувствителните прашања за јазикот, идентитетот и историјата

Дополнително, во дел од амандманите се бара и ревизија на законите што се однесуваат на бугарските културни клубови во земјава, како и дополнителни мерки за заштита на бугарското малцинство.

Во дел од амандманите, бугарските европратеници предлагаат во европските документи да се користи формулацијата „модерен македонски јазик“, што според критичарите индиректно го доведува во прашање историскиот континуитет на македонскиот јазик.

Реклама

„Модерниот македонски јазик и идентитет треба да се разгледуваат и толкуваат во согласност со историските и лингвистичките реалности, како и со обврските што произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.“

Во други амандмани се инсистира да продолжи работата на заедничката историска комисија меѓу Скопје и Софија, како и заеднички да се одбележуваат историски личности и настани.

„Се повикува на продолжување на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како и на заедничко чествување и одбележување на историски личности и настани.“

Освен овие барања, бугарските европратеници во амандманите бараат и построго санкционирање на говорот на омраза кон Бугарите, ревизијата на учебниците по историја да биде дел до преговорите.

Интересно е што за прв пат, известувачот на Европскиот парламент и човекот кој го пишува извбештајот за Македонија, Томас Вајц, да предлага амандмани што одат во поинаква насока. Во еден од нив се бара Европската Унија да разјасни дали билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија е формален услов во процесот на пристапување.

„Се повикува правната служба на Советот на Европската Унија да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус во процесот на пристапување кон ЕУ на Вториот билатерален протокол кон Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.“

Во друг амандман Вајц предлага постепена интеграција на земјите кандидати во европските политики и програми уште пред полноправното членство.

„Поддржување постепената интеграција на земјите кандидати во одредени политики, програми и во единствениот пазар на Европската Унија, како дел од процесот на пристапување кон членство.“

На извештајот за Македонија се поднесени вкупно 403 амандмани, од кои речиси стотина се поднесени од бугарски европратеници, додека амандманите од другите европратеници главно се фокусираат на реформите, владеењето на правото и евроинтеграцијата.