Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

„Ноќ на македонските вина“ во Париз 

– Македонските винарии од денеска до 11 февруари ќе учествуваат на меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските винарии од денеска до 11 февруари ќе учествуваат на меѓународниот вински саем – Wine Paris, преку заеднички национален штанд под името „Macedonian Wines“, претставувајќи го потенцијалот, квалитетот и автентичноста на македонското винарство пред светската винска јавност.

Настапот се реализира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како дел од континуираните напори за унапредување на извозот и меѓународната видливост на македонските вина.

– Рамо до рамо со најреномираните светски винарии, македонските производители ќе ги претстават автохтоните сорти, специфичниот тероар и современиот пристап во производството на вино, потврдувајќи дека Македонија сè појасно го зазема своето место на глобалната винска сцена, најави МЗШВ.

Реклама

Покрај настапот на саемот, независно од официјалната саемска програма, во Париз ќе се одржи и специјален промотивен настан под наслов „Nuit du Vin Macédonien“ (Ноќ на македонските вина), посветен на промоција на македонските вина пред внимателно селектирана меѓународна публика.

МЗШВ информира дека настанот се реализира благодарение на заложбата и поддршката на амбасадорот во Франција, Игор Николов, кој е и организатор на оваа промоција.

„Nuit du Vin Macédonien“ ќе овозможи директна презентација и дегустација на македонските вина пред француски и меѓународни вински професионалци, дистрибутери, медиуми и познавачи на виното, со цел дополнително зајакнување на имиџот и препознатливоста на македонското вино на еден од најпребирливите светски пазари. Настапот во Париз испраќа јасна порака дека македонското вино, со својот квалитет и автентичност, е подготвено за уште посилно присуство на меѓународната винска сцена, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.