Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Ниту збор за Тачи, од ДУИ единствено велат дека пратеничката група работи во полн состав

Парламентарната група е функционална и работи во полн состав – Европски фронт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парламентарната група е функционална и работи во полн состав – Европски фронт не потврдува дали Мендух Тачи ја напуштил или планира да ја напушти коалицијата предводена од ДУИ. Демократската партија на Албанците по се изгледа го става на тест опстанокот на Европскиот фронт, но оттаму негираат за евентуално намалување на бројот на пратеници во нивната пратеничка група.

Нашата парламентарна група е стабилна, работи во полн состав. Јас тоа можам да го кажам од аспект на пратеник во Собранието. Секако, сите прашања поврзани со Тачи, треба да му ги поставите нему, рече Рина Ајдари од ДУИ.

Фронтот на Али Ахмети никако не може да се помири со одењето во опозиција, па преку паушални обвинувања кон власта сакаат да дојдат политички поени. Обвинија дека власта немала план за откочување на евроинтеграциите, а без нив, Македонија не можела да има напредок во ниту едно друго поле. За предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче, да се одржи затворена седница за евроинтегративниот процес на земјава,Ајдари вели дека би било прифатливо такво решение, но последниот збор ќе го дадат органите на партијата.

Реклама

Ваквите намери на опозицијата, и од албанскиот и од македонскиот политички плок, за вицепремиерот Изет Меџити немаат смисла бидејќи имале осум години на власт и не направиле ништо.

ТОНСКО ИЗЕТ МЕЏИТИ – прв вицепремиер, министер за животна средина

еден од главните приоритети се евроинтег ациите, а опозицијата беше 8 години на власт и не направија ништо.  Ги знаеме нивните политики, имаа доволно време. Демократски е бар првите 100 дена да се остават на новата влада. Ќе им порачам да работат на себе си и да бидат поатрактивни на политичката сцена. Ние во овие 100 дена пробуваме да го решиме она што тие го направија.

Ниту евентуалното раситнување на Европскиот фронт не го изненадува Меџити. Според вицепремиерот, партиите во опозициската коалиција не ги спојувала идеологијата туку желбата за власт, па сега кога отидоа во опозиција, нормално било да има коалициска дестабилизација. Напуштањето на Мендух Тачи, вели Меџиит, единствено значи, почеток на нивниот крај.