Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

„Ништо случајно“ – промоција на првата книга од Нина Ангеловска Станков

Во Скопје вечерва ќе биде промовирана првата книга од Нина Ангеловска Станков – „Ништо случајно“. Книгата е во издание на Издавачки центар ТРИ, кои објавуваат дека публиката веќе дава позитивни коментари за напишаното. На промоцијата ќе зборува Нина Ангеловска Станков. Таа е коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје вечерва ќе биде промовирана првата книга од Нина Ангеловска Станков – „Ништо случајно“.

Книгата е во издание на Издавачки центар ТРИ, кои објавуваат дека публиката веќе дава позитивни коментари за напишаното. На промоцијата ќе зборува Нина Ангеловска Станков. Таа е коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и првата жена министер за финансии во Македонија.

Освен за нејзините успеси во бизнисот, таа се очекува да зборува и за сопствените борби на патот кон успехот, на кој, како што кажува и книгата, ништо не е случајно. Станува збор за искрено и лично сведоштво за патување низ бизнис-светот, политиката, лидерството, мајчинството и личните пресврти. Себеси таа се опиша како „брза, организирана и темпераментна“, а книгата како „искрена, лична и охрабрувачка“.

Реклама

Влезот е слободен, а по промоцијата читателите ќе имаат можност да се сретнат со авторката и да добијат лична посвета. Книгата ќе биде достапна на штандот на ТРИ на самата промоција, а потоа ќе може да се набави во која било книжарница на ТРИ и онлајн на kniga.mk.

-Уште пред официјалната промоција, книгата предизвика исклучителен интерес во јавноста. Со петстотини резервирани примероци, веќе се наметнува како едно од најочекуваните домашни изданија годинава во ТРИ. Токму затоа, оттаму ве покануваат да бидете дел од уште еден настан што ќе ги отвори темите на подемите и падовите, на преиспитувањата и пресвртите што ретко се гледаат зад сликата на јавниот имиџ. Утревечер Нина Ангеловска Станков открива сè што се случува зад процесот во кој ништо не е случајно – се посочува во најавата од Издавачкиот центар ТРИ.