Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Николовски: Запленети 2 500 инфузиски сета, годинава Царината заплени 10 илјади парчиња лекови ризични по здравјето на граѓаните

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови, се вели во соопштението од Царинската управа.

„Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз. Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка“, истакна Николовски.

Директорот воедно информира дека минатата година се спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди при што запленети се 600 илјади килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.