Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Николовски: Изготвивме нов Царински закон

– Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи на сила до крајот на оваа година. Суштината на Законот е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање на целосно дигитално царинско работење, целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ, на чија имплементација веќе работиме, како и обезбедување на поголема сигурност на стоките. Ова го истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на настан во организација на Стопанска комора на Македонија на којшто беше промовирана новата дигитална платформа за микро, мали и средни компании.

Николовски потенцира дека редовниот дијалог е клучен за унапредување на процесите и подобрување на бизнис климата во државата со што сите чинители придонесуваат кон економска стабилност на државата и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

– Во изминатиот период покажавме единство – покажавме дека кога заеднички делуваме како тим, резултатите се повеќе од видливи. Она што ни треба и сме фокусирани на истото, е олеснување на трговијата преку поедноставување и олеснување на царинските процедури, дигитализација на секој сегмент на царинското работење, подобра поврзаност, како и поголема транспарентност. Во овој период, интензивно работиме на имплементација на нов Национален едношалтерски систем, што треба да овозможи електронско поднесување на барањата за издавање лиценци и дозволи на едно место со еднократно внесување на податоци, колективно користење на податоците и унапредување на анализата на ризик на сите институции вклучени во прекуграничната трговија, целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки, нагласи тој.

Реклама

Николовски воедно потенцира дека со усвојување на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа ќе се изврши намалување на царинските стапки за 67 производи коишто како суровини или репроматеријали се користат во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.