Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите, преку 70 проценти е реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40 отсто на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70 проценти, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна  заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во однос на активноста, изградбата на вакви проекти не е прашање на визуелизација, туку е прашање на факти и бројки. Споредбено, декември 2024 година биле завршени работи во вредност од 10,7 милиони евра, декември 2025 година, работи во вредност од 19,1 милион евра, скоро 9 милиони евра повеќе. Понатаму, јануари 2025година 9,7 милиони евра, јануари 2026 година 12,2 милиони евра, февруари 2025 година 8,5 милиони евра, февруари 2026 година 13 милиони евра, што е сериозен скок. Тоа го покажува и Заводот за статистика, третиот квартал лани градежништвото имаше раст од 21 отсто, а четвртиот квартал имаше 16,7 проценти,” потенцира Николоски во гостувањето на една од националните телевизии.

Тој додаде дека очекува со ребалансот на буџетот 

Реклама

-Реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт, на што сум особено горд е преку 70 проценти. Се надевам дека со ребалансот ќе имаме и дополнителни средства, затоа што овие средства до ребаланс ние ќе ги потрошиме, што е добро за државата, затоа што нашите средства се најискористени во смисла на раст, потенцираше заменик претседателот на Владата, наведуваат од Министерството за транспорт.