Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Економија

Николоски во Вашингтон на средби во Светска Банка: Инвестираме во инфраструктурата и транспортот, соработката со Светска банка е на високо ниво. Најавувам нови проекти за развој на опшините

Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашинготн САД, оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашинготн САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка. На средбата се разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата.

Вицепремиерот Николоски истакна дека подршката на Светска банака е значајна во делот на инфраструктурата и транспортот и најави нови проекти за општините.

Вицепремиерот е еден од главните говорници на Глобалниот настан во Вашингтон во организација на Светска банка, каде се говори за развојот на инфраструктурата и транспортот и неговото влијание за економскиот развој.

Реклама

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:

“ Ми претставува огромна чест овие два дена да се биде во Вашингтон во седиштето на Светска банка и да можам да се обратам како еден од главните говорници на глобалниот настан што го организира Светска банка, каде ќе се осврнам на транспортот, комуникациите инфраструкурата и на се она што го работиме. Ќе имаме можност да зборуваме за проектите што ги реализираме во Македонија. Средбите се на високо ниво, ние до сега имаме одлична соработка со Светска банка, нема општина, нема град, нема село во Македонија каде во моментов не се работат локални улици токму со средства од Светска банка. Некаде околу 286 км локални улици се прават со подршка од Светска банка. Исто така ја подобруваме состојбата во Царината, каде во еден систем ќе се интегрираат осум институции каде ќе значи побрз проток на стока и луѓе и нема да има застанување на граница за товарниот сообраќај што многу значи во едни вакви предизвикувачки услови. Тука е реконструкцијата на двата граничнини премини, Ќафасан кој не спојува со Албанија и Деве Баир кој не спојува со Бугарија, а во следниот период ќе работиме и на Интелегентни транспортни системи, ќе работиме на подобрување на состојбата во сообраќајот во Царината и останатите сектори каде имаме заедничка соработка. Најавувам бројни нови проекти, кои ќе ги работиме во соработка со Светска банака во Македонија, особено во делот на урбана мобилност каде пилот проект имаме во Скопје, а потоа ќе го прошириме во останатите гардови, а најважно во овој момент она што е основен предизвик за голем број на општини е хигиентата каде заедно со Светска банка работиме на еден проект за Град Скопје каде ќе обезбедиме возила за Комунална хигиена каде целосно треба да ја променат сликата за чистотата на нашите општини.

Навистина е големо задоволство да бидем избран еден од тројцата каде ќе се обрати на годишната конференција која ја прави Светска банка овде во Вашингтон, тоа е признание за Владата, признание за напорната работа и ќе продолжиме со нашите меѓународни партнери да ја равиваме Македонија, да отвораме нови добро платени работни места и луѓето да остануваат во Македонија”- изјави вицепремиерот Николоски.

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздрави присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакна дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.